| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарските банки пријавиле перење пари во случајот ФИФА

FIFA President Blatter resigns

Швајцарските банки пријавиле дури 53 случаи на перење пари во истрагата против ФИФА за доделување на домаќини за Светските превенства во 2018 и 2022 година.
Јавниот обвинител на Швајцарија Михаел Лаубер истакна дека тоа е „огромен и комплексен случај“ кој се води против криминално дејствување и перење пари за време на кандидатурите за ЕП во Русија и во Катар. Според Лаубер организациите на Катар и Русија ќе им бидат одземени доколку се докаже дека имало нелегални постапки.

– Не ми смета доколку овој случај доведе до колатерални штети – рече Лаубер и дополни дека не исклучува можни испитувања и на досегашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и на генералниот секретар Жером Валке.

Блатер, исто така, е под истрага за корупција и изнуда која ја водат американските правосудни органи во соработка со швајцарските власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top