Дезодорансот го користеле уште древните Сумери, но првиот модерен дезодоранс кој се нанесува под мишките, започнал да се користи во 1888 година.
Американците користат рол-он од 1950 година, а дезодоранс во спреј започнал да се користи 10 години подоцна, додека дезодорансот во стик започнал да се користи од 1970 година наваму, комбинирајќи го дезодорансот со восок, масти и омекнувачи.
За жал, хемиските состојки кои се користат во дезодорансот, хлорофлуорокарбони (CFC), испуштаат хлорин кој го уништува озонот а ни помага да се заштитиме од УВ зраците.
Од 1994 година, употребата на CFC во спрејовите е забранета. Сега произведувачите користат побезбедни, алтернативни пропеланти.
ШТО Е НАЈДОБРО?
Што ќе користете, рол-он, стик или дезодоранс во спреј, навистина зависи од личните преференци.
Дезодорансот во спреј може брзо да се исуши под мишките во однос на другите дезодоранси. После нанесувањето на спрејот, тој брзо се суши па веднаш можете да бидете подготвени за акција.
После користењето на рол-онот или стикот, подобро е да го спречите директниот контакт на мишките и маицата пред да се исуши.
Од друга страна, никој не сака да стои покрај некој кој нанел спреј по целото тело, па секако бидете внимателни со нанесувањето на антиперспиранти.
Извор: menshealth.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ни се мати во главата и многу се потиме, ама тоа не е поради температурите!
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
Многу се потите? Еве како да си помогнете
-
Италијански синдикат ќе ги заштитува Македонците кои работат во Италија