| четврток, 6 декември 2018 |

За две години над 8 000 Албанци добиле грчко државјанство

grcijaГрчкото Министерство за внатрешни работи ги објави податоците околу процесот на издавање грчко државјанство на деца на емигранти, врз основа на законот на владата на ПАСОК, а кој од Високиот управен суд на Грција во ноември 2012 година беше оценет за неуставен.

Во периодот од 24 март 2010 до 22 август 2012, за грчко државјанство апилицирале 39.772 странци. Од вкупниот број аликанти државјанство добиле 13.425 лица.

Вкупниот број на лица кои државјанство добиле врз основа на местото на раѓање Грција, изнесува 4595. Од нив 3.501 апликанти биле по потекло од Албанија, а биле родени во Грција.

Во споментиот период издадени се и 5.550 државјанства на странци кои студираат во Грција, при тоа дури 4.740 се на Албанци. Врз основан на официјалните податоци произлегува дека во периодот март 2010- август 2012 грчко државјанство добиле 8.241 албански деца, родени во Грција или кои се на студии во оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top