| четврток, 6 декември 2018 |

Продуцентот на Еминем со настап во Скопје

Statik Selektah 2

Диџејот Статик Селекта, продуцент на светскиот хит „Detroit vs. Everybody” на раперот Еминем, во кој се појавуваат иBig Sean, Dej Loaf, Royce da 5`9, Trick Trick и Danny Brown, доаѓа во Скопје.

Неговиот потпис стои нат раки кои ги изведуваат артисти од рангот на Еминем, Нас, Џон Леџенд, AZ, G-Unit, Аction Bronson, Royce da 5’9”. Воедно, Селекта е главен диџеј на турнејата на новата, светска хип хоп фигура Joey Bada$$, како и водител на емисија на „Shade 45“ во радиостаницата чиј сопственик е Еминем. Во организација на „SureShotz Entertainment“,  тој повторно го стави Скопје на светската хип-хоп карта, како дел од неговата „Lucky 7“ турнеја.

Statik Selektah @ Skopje

 

– Скопје се подготвува за хип-хоп настапот на годината Тоа ми се допаѓа. Ќе биде жешко! – вели Статик Селекта

 

Тричасовниот сет е закажан за недела (21 јуни) клубот „Central Park“. Картите по цена од 150 денари, ќе можат да се купат на билетарата на клубот пред почетокот на настанот, кој е закажан за точно на полноќ.

Скопскиот терен ќе го подготви Dj Shorty P aka Pancho со свој warm-up сет.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top