Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас утре ќе престојува во работна посета на Бугарија, по покана на неговиот бугарски колега Даниел Митов, јави БТА.
Како што соопшти денеска бугарското Министерство за надворешни работи, за време на нивната средба Митов и Коѕиас ќе разговараат за прашања „поврзани со партнерските и сојузнички односи на двете земји“, со акцент на соработката во сферата на економијата, енергетиката, социјалната политика, образованието и миграцијата.
Двајцата министри ќе разговараат и за актуелните случувања на западниот Балкан, како и за европски и меѓународни теми.
Покрај средбата со Митов, за време на престојот во Софија, Коѕиас ќе се сретне и со шефот на бугарската држава Росен Плевнелиев и со претседателката на Народното собрание, Цецка Цачева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


