| четврток, 6 декември 2018 |

Оставка на италијанскиот министер поради судење на маринци

julio-terci-630x429Италијанскиот министер за надворешни работи Џулио Терци денеска соопшти дека поднесува оставка поради одлуката на Владата да ги врати на судењето во Индија италијанските маринци обвинети за убиство на двајца рибари.

– Поднесувам оставка во знак на протест поради одлуката маринците да се испратат назад. Сомнежите што ги имав во однос на ова не влијаеа врз одлуката на Владата, изјави Терци пред Парламентот.

Италијанската Влада во петокот донесе одлука да ги испрати назад маринците, кои се обвинети за убиство на двајца рибари во близина на брегот на државата Керела, во југоисточниот дел на Индија.

Владата на Марио Монти со ова ја измени одлуката од 11 март маринците да не бидат вратени во Индија.

– Поднесува оставка бидејќи тврдев и тврдам веќе 40 години дека угледот на земјата, вооружените сили и италијанската дипломатија треба да се бранат, нагласи Терци.

Италијанските маринци се осомничени за убиство на рибари во близина на брегот во февруари 2012 година. Тие обезбедувале италијански нафтен танкер и тврдат дека мислеле дека станува збор да рибари пирати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top