Здружението од поранешната „Ослободителна војска на Косово“ (ОВК), најави дека утре ќе организира протести против основањето Специјален суд за воени злосторства на ОВК и поради заштита на вредностите од „ослободителната војна“.
Протестот ќе го поддржи и движењето Самоопределување, јавува Танјуг.
-Основањето Специјален суд создава паралелен систем на правда во Косово без како и да е поднесување сметки на косовските институции. Тој суд се обидува да ја изврти историската вистина осудувајќи ја нашата ослободителна борба – се наведува во соопштението од Самоопределување.
Ова движење смета дека Специјалниот суд е голема неправда која и се приредува на државата Косово.
-Тој суд има историска и политичка мисија да направи Албанците од Косово колективно да чувствуваат вина, како и срамно да се прифати инсталирање на ЗСО во Косово – се вели во соопштението на Самоопределување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.