На Џеси Хејман му оди одлично во светот на шоубизнисот и има многу ангажмани, а се започна со рекламата која ја сними за „GoDaddy“ пред овогодинешниот Супербоул. Откако страствено ја бакнуваше манекенката Бар Рафаели, премина на актерката Џејми Пресли. Се работи за новиот спот на Мајкл Бубле за песната „A Beautiful Day”. Бубалицата има среќа со убавиците. Во спотот Бубле ги фаќа заедно Џеси и Џејми, а таа се правда дека тој и е јога инструктор и и помага околу дишењето.
Еве го бакнежот со Бар Рафаели:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.