Мајкл Бубле реши да ја стопира својата музичка кариера за да му се посвети на 3-годишниот син кој боледува од рак.
На синот на славниот пејач и славната актерка од Млади бунтоници Лусијана Лопилато му беше дијагностициран рак на црниот дроб, па сега му следуваат 4 месеци хемотерапија.
„Тој нема да пее додека детето не му оздрави. Се затвори и мислам дека не ги проверува ниту социјалните мрежи, но сигурен сум дека ја чувствува љубовта и поддршката која му ја праќаат милиони луѓе“, изјави пријател на пејачот.
Тој додава дека Мајкл е во добра состојба и дека верува во лекарите кои се грижат за неговиот син.
Во соопштението кое го објави славниот брачен пар, велат дека професионалните обврски ги одложиле поради здравствените проблеми на својот син Ноа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.