| четврток, 6 декември 2018 |

ИД ѝ се закани на новинарка на тиранската телевизија

аурора

Новинарката на тиранската телевизија „Њуз 2“, Аурора Коромани добила закани од групата Исламска држава дека ќе биде убиена, поради нејзините информации емитувани на телевизијата и објавени во весникот „Газета шќиптаре“, јави дописникот на МИА.

Прво Коромани добила закана на нејзиниот профил на „Фејсбук“, а потоа и преку СМС. Многу набрзо по пораката имало и телефонски повици и на редакцискиот телефон, но траеле по девет секунди и воопшто никој не зборувал.

Редакцијата, но и самата Коромани, случајот го пријавиле во полиција, по што е дадена наредба за постојана заштита на новинарката, но и зголемено обезбедување на телевизијата.

„Њуз 2“, „Газета шќиптаре“, како и агенцијата „Балкан веб“ ѝ припаѓаат на иста медиумска куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top