Новинарката на тиранската телевизија „Њуз 2“, Аурора Коромани добила закани од групата Исламска држава дека ќе биде убиена, поради нејзините информации емитувани на телевизијата и објавени во весникот „Газета шќиптаре“, јави дописникот на МИА.
Прво Коромани добила закана на нејзиниот профил на „Фејсбук“, а потоа и преку СМС. Многу набрзо по пораката имало и телефонски повици и на редакцискиот телефон, но траеле по девет секунди и воопшто никој не зборувал.
Редакцијата, но и самата Коромани, случајот го пријавиле во полиција, по што е дадена наредба за постојана заштита на новинарката, но и зголемено обезбедување на телевизијата.
„Њуз 2“, „Газета шќиптаре“, како и агенцијата „Балкан веб“ ѝ припаѓаат на иста медиумска куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија