| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер од Кичево споделувал порнофотографии од својата малолетна девојка

Кичевската полиција поднесе кривична пријава за 18-годишниот А.А. од Кичево за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Пријавениот, во текот на септември, октомври и ноември 2014 година, со својот мобилен телефон снимил, зачувал, а потоа дистрибуирал фотографии и видеоматеријал со порнографска содржина од неговата малолетна девојка. Тој, откако на различни локации во Кичево го снимил порнографскиот материјал, преку програмите за интернет комуникација ги дистрибуирал до поголем број сопственици на мобилни апарати и ученици во средното училиште во Кичево.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top