| четврток, 6 декември 2018 |

Талибанците ја предупредуваат ИД да не се меша во Авганистан

талибанци

Авганистанските талибанци го предупредија денеска лидерот на џихадистичката група Исламска држава (ИД) да не прави никакви обиди за дејствување во Авганистан.

– Џихадот против Американците и нивните сојузници треба да се води под едно единствено знаме, а тоа е она на талибанците на Мула Омар – изјави неговиот најблизок соработник Ахтар Мохамед Мансур.

Во писмо од Мула Омар адресирано до лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади, се наведува и предупредува дека талибанците ќе бидат принудени да реагираат доколку неговата организација се обиде да се вмеша во Авганистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top