Максимална казна од 40 години вчера доби Драган Ѓуриќ, кој пред една година свирепо ја уби 15-годишната Тијана Јуриќ, претходно обидувајќи се и да ја силува.
Пресудата веднаш предизвика бројни коментари, а друштвените мрежи се преплавени од коментари дека монструмот во затворот ќе посака никогаш да не се родил и дека дури сега ќе ги почувствува последиците од својот гнасен злочин.
Затворениците му порачуваат дека ќе му посакаат „добредојде“ кое никогаш нема да го заборави, пишува „Телеграф.рс“.
– Злосторнику, не грижи се, ќе ти биде убаво кај нас. Ќе те пречекаме како Северина – искоментирал еден затвореник.
Инаку, силувачите и убијците на деца вистинската казна за стореното дело ја доживуваат веднаш по пристигнувањето во затвор, а прво нешто со што ќе се соочат е силување и изживување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


