| четврток, 6 декември 2018 |

Забранет сексот на најпознатата блудна плажа во Хрватска

dosta-je-bilo-na-punta-krizu-je-svrseno-sa-seksom-i-bludom-504x335-20130729-20130723111628-256f2e571a8bffe8e7124d2cda9da2d3

Најпознатата дестинација за свингери на Балканот, плажата Пунта криж во Хрватска од година во година е се попуста. Годинава речиси и нема посетители, пишува „Дневник.хр“.

Борбата против имиџот на секс дестинација, градот Ровињ и Туристичката асоцијација ја водат веќе неколку години. Контролите на оваа мала скриена плажа се зголемени, па годинава нема ни една пријава за „непристојно“ однесување.

MMI2808798.jpg.crop_display

Пунта криж со години важеше за место каде туристи од целиот свет уживаа во голотијата, менувањето на секс партнерите, скриени од очите на јавноста. Угостителите велат дека свингерите биле одлични потрошувачи, а сега, по забраната од градските власти, никој веќе не доаѓа.

Ни граѓанитите на Ровињ немаа ништо против голите туристи. За нив секој гостин е добар гостин.

Сепак, надлежните решија да го уништат овој имиџ на Ровињ, па денес нема ништо од најпознатата блудна плажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top