| четврток, 6 декември 2018 |

Белград и Приштина не постигнаа договор за телекомуникациите

теле

По 15-часовни преговори во рамките на техничкиот дијалог, претставниците на Белград и Приштина не успеаја да постигнат договор за клучните прашања во врска со телекомуникациите, јави Танјуг.

Преговорите за оваа тема траеле до ноќеска до еден часот по полноќ, при што е договорено тие да продолжат идниот понеделник, во пресрет на средбата на премиерите на Косово и на Србија во Брисел, закажана за 23 јуни.

Главни спорни точки биле повикувачкиот број за Косово, тарифите и интерконекцијата.

Преговори меѓу Белград и Приштина на техничко ниво ќе се одржат и денеска, но тема на нив ќе биде формирањето на Заедницата на српски општини. Преговори за оваа тема се очекува да траат до четврток кога на дневен ред пред преговарачите ќе бидат прашања од сферата на енергетиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top