| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Витни Хјустон ја губи борбата за живот

По повеќемесечна борба, семејството на Боби Кристина (22) ја изгуби секоја надеж дека таа ќе успее да ја победи смртта. Семејството на ќерката на покојната пејачка Витни Хјустон решило да ја префрлат Кристина од болница во нејзината семејна куќа, каде што и ќе почине, зашто многу мали се шансите дека ќе преживее.

Ќерката на Витни Хјустон и Боби Браун беше пронајдена во када без свест, во иста позиција како и нејзината мајка кога починала. Кристина ја пронашол нејзиниот сопруг Ник Гордон, кој ја реанимирал додека не стигнала брзата помош. Потоа Кристиан била префрлена во болница, а поради повредите на мозокот лекарите ја ставиле во вештачка кома. Таа е во кома веќе шест месеци, а со оглед на тоа што нејзината здравствена состојба не се подобрува, лекарите и’ предвидуваат смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top