Сметките на фризерката Благица и на нејзиниот татко, кои измамија голем број скопјани, се празни, пишува „Дневник“.

Весникот дознава дека најголем број измамени граѓани се семејства со хендикепирано лице, кои, најверојатно, поради тоа што сметката на која ги уплатиле парите е во минус, ќе останат без отштета.
Откако во медиумите излезе аферата за измамата со станови, во полиција ваков случај пријавила уште една скопјанка.
– Засега ни е познато дека од таа сметка е купен стан од 130.000 евра, автомобил „опел астра“, му биле префрлени пари на лице од Охрид, кое не ја знаел причината за трансферот на парите, како и на роднина од Струга за да купи станови за своите деца. Полицијата сега истражува каде се парите – велат од МВР.
Според податоците од полицијата, Благица со парите од измамените граѓани си купила автомобил марка „БМВ X3“ и била на луксузни патувања.
Сведоци, кои за влакно се спасиле од измамата со станови, за „Дневник“ раскажуваат дека Благица ги нудела становите со сопругот, но тој не е предмет на полициската истрага. На неговата сметка немало пари што потекнуваат од продажбата на станови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


