| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски се сретна со шефовите на дипломатиите на Италија, Бугарија и на Унгарија

Премиерот Никола Груевски денеска на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на државите-членки на Централната европска иницијатива (ЦЕИ), кој се одржува во Охрид, оствари поединечни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Италија, Бугарија и на Унгарија, Паоло Џентилони, Даниел Митов и Петер Сијарто.

gruj

 

Премиерот Груевски, како што соопшти неговиот кабинет, со соговорниците разговарал за работата на Централноевропската иницијатива со која моментално претседава Република Македонија.

gruj1

Груевски ги реафирмирал приоритетите на македонското претседавање, како што се напредокот и интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во Европската унија, како и економските приоритети поврзани со градбата на инфраструктурни проекти, развојот на туризмот, земјоделството и културата.

gruj2

 

На средбите се разговарало и за стратешките цели на Република Македонија, предизвиците со кои се соочува државата во поглед на политичката состојба и подготвеноста и отвореноста тие предизвици да се надминат, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка помеѓу државите.

gruj3

 

Македонскиот премиер на средбата со италијанскиот министер за надворешни работи, Паоло Џентилони, ја истакнал значајноста на поддршката на Република Италија која ја добива нашата земја на патот на евроатланските интеграции што е една од целите на Република Македонија кон која активно се работи. Премиерот Груевски истакнал дека земјата е посветена на реализација на реформите чијашто цел е унапредување на стандардите во повеќе сфери и напредок во интеграциите, за што говорат и шесте последователни позитивни извештаи на Европската комисија и нејзините препораки за почеток на разговорите за полноправно членство на нашата земја во Европската унија.

gruj4

Тој посочил дека, и покрај билатералниот спор со јужниот сосед, кој е и пречка за напредок во интеграциите, државата продолжува со реформите и стремежот за полноправно членство во ЕУ и во НАТО. Соговорниците ги потенцирале добрите билатерални политички односи меѓу двете држави кои се проследени со нагорен тренд на економска соработка, при што премиерот Груевски истакнал дека Италија е еден од најважните трговски партнери на Македонија и изразил посветеност за понатамошно интензивирање на економската соработка.

gruj5

 

gruj6

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top