| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо ќе се обиде да го договори трансферот на Серхио Рамос?!

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, ќе се обиде ова лето да го договори трансферот на својот поранешен пулен од „кралскиот клуб“, Серхио Рамос.
Шпанскиот репрезентативец е незадоволен од управата на клубот, не само поради неговиот договор туку и поради однесувањето на дел од првите луѓе кон иконата на клубот Икер Касилјас.

Искусниот дефанзивец со некои свои изјави го навлече гневот на претседателот Флорентино Перез, па медиумите од Шпанија наведуваат дека односите меѓу двете страни не можат да бидат полоши. И покрај несогласувањата што ги имаа во финишот од сезоната, првата ѕвезда Кристијано Роналдо и Серхио Рамос сега се на иста страна, односно и двајцата не се сложуваат со отказот што го доби Карло Анчелоти.

Целиот развој на настаните будно го следни менаџерот на Челси, Жозе Мурињо, кој би ги решил сите проблеми во последната линија на одбраната на „сините“ од Лондон со ангажирање на Рамос ова лето.

Според некои информации, Мурињо е подготвен да плати и 50 милиони евра за да го доведе во своите редови Серхио Рамос, со што би го изедначил со рекордот кој го држи Давид Луиз како најскап играч од одбраната во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top