Заврши партиската средба во Кичево, на која премиерот Никола Груевски се информираше за настаните во градот по локалните избори.

Премиерот рече дека го разбира гневот и револтот кај луѓето затоа што тоа бил и негов гнев и револт. Груевски вети дека владата ќе продолжи да работи во интерес на Кичево и да им помага на кичевци.
– Ние остануваме за Кичево, Кичево е Република Македонија и ќе остане Република Македонија, а Владата во иднина ќе ги утростручи напорите да им помага на овие луѓе тука, да има повеќе работни места, изградба и инвестиции во Кичево со цел граѓаните да го добијат тоа што го заслужуват, а тоа е поквалитетен живот. Кичевци заслужуваат поквалитетен живот и ние сме тука како Влада и остануваме зад Кичево да се бориме да им помогнеме да се развива градот и да оди напред, изјави Груевски.
Пред објектот на општинскиот комитет го дочекаа неколку стотици кичевци. Дел од нив гласно го изразуваа разочарувањето од случувањата минатата ноќ, дел го скандираа името на премиерот, а потоа сите заедно извикуваа „Кичево е македонски град“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


