Хрватската водителка Николина Пишек била нападната од друга жена во паркот „Ташмајдан“ во Белград.
За хрватските медиуми водителката на „Икс-фактор“ ја раскажала немилата случка.
– Додека дадилката ја туркаше количката со мојата ќерка Уна Софија, а јас го шетав моето куче Артур, пред нас се појавија големи кучиња, а нивната сопственичка не направи ништо за да ги запре иако едно од нив скокаше по количката. Морав да реагирам. Почнавме да се расправаме, но затоа што тоа нигде не водеше, се свртив да си заминам – вели Пишек.
Изнервираната сопственичка на големите кучиња тргнала по нив и ја нападнала водителката.
– Почна да ме влече за коса, да ме кубе и да ме пцуе. Се разбира дека возвратив. Виакше како да ме знае, а јас исплашена заминав од паркот. Стравував за себе, бебето и за кучето – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.