| четврток, 6 декември 2018 |

Жбогар: Нема повеќе изговори за доцнење на Специјалниот суд

Не гледам ниту една причина за какво било натамошно доцнење со формирањето на Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, изјави специјалниот претставник на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар, истакнувајќи дека уставните амандмани веќе се во парламентот и дека законот е подготвен. ­

– Не им завидувам на пратениците во косовскиот парламент, како на претставниците на албанските партии, така и на претставниците на заедниците. Од една страна, тие се загрижени како нивното гласање ќе се одрази на минатото на Косово, а, од друга страна, гледаат во иднината – изјави Жбогар за српскиот весник „Новости“.

На информациите во медиумите дека одложувањето му штети на Косово и дека Европа има начин да ја казни Приштина, Жбогар изјави дека не се зборува за казнување, но дека од главните центри секојдневно се поставува прашањето зошто доцни Специјалниот суд. ­

– Ние им објаснуваме колку тоа е тежок и долг процес. Сепак, станува збор за меѓународна обврска – нагласи специјалниот претставник на ЕУ за Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top