Целата територија на Македонија од денеска ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Станува збор за температури до 37 степени, кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението и адаптација кон повисоките температури.
Потребно е одбегнување на директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и повеќе течности.
Посебно внимателни треба да бидат постарите, хронично болните лица, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија од лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.