„Секогаш е време за мода“ е мотото под кое ќе се одржи новата сезона на „Модниот викенд“ во Скопје за сезоната пролет-лето 2013, од први до 14 април. Програмата на седмото издание, кое е водено од мотото „Минато, сегашност, иднина – секогаш е време за мода“, ќе биде исполнета со најразлични модни ревии и перформанси, изложби, проекти.

На модната недела ќе се претстават: Никола Ефтимов, Росица Мршиќ, Тања Кокев, VIBRAZIONI by Александра Митковска, Роберт Ивановски, Елена Спасовска, Јована Филиповиќ, MCouture by Мила Кадриу, Hard to Explain и Mikka design, Ирина Тошева, Стефанија Насеска, Никола Петровски, Маја Кикириткова, Христина Деспотовска, Лидија Георгиева, Сека Радончиќ. Како и на секое издание, ќе учествуваат и студенти кои студираат моден дизајн.
Оваа сезона „Моден викенд – Скопје“, покрај модните ревии и перформанси, организира и проект „Ретроспектива на модата во Македонија 1983 – 2013“, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, со кој ќе се долови процесот на создавање колекции кои не познаваат граници. Една ретроспектива која ќе ве врати назад во времето, ќе го поврзе тоа што било со тоа што се создава денес и ќе се погледне напред во тоа што нѐ очекува понатаму. Настаните од пролетното издание на „Моден викенд – Скопје“ ќе се одржат на повеќе локации, под покровителство на Град Скопје и Општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


