| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тетово средба Тачи – Митов

menduh-taci-6Актуелната политичка ситуација, со посебен акцент за последните случувања, како и за процесите за излез од актуелната криза во земјата и деблокирањето на интеграциските процеси, беа тема на разговор на денешната средба во Тетово меѓу лидерот на ДПА Мендух Тачи и бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов.

Претседателот Тачи, информираат од партијата, ги запозна соговорниците со понудата на ДПА за надминување на внатрешната политичка криза, каки и потребата за што побрзо решавање на спорот со Грција, што ќе овозможи интеграција на земјата во евро-атлантските структури, НАТО и ЕУ.

Исто така, беше разговарано и за можноста за што е можно побрзо потпишување на меѓудржавните спогодби меѓу Македонија и Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top