Актуелната политичка ситуација, со посебен акцент за последните случувања, како и за процесите за излез од актуелната криза во земјата и деблокирањето на интеграциските процеси, беа тема на разговор на денешната средба во Тетово меѓу лидерот на ДПА Мендух Тачи и бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов.
Претседателот Тачи, информираат од партијата, ги запозна соговорниците со понудата на ДПА за надминување на внатрешната политичка криза, каки и потребата за што побрзо решавање на спорот со Грција, што ќе овозможи интеграција на земјата во евро-атлантските структури, НАТО и ЕУ.
Исто така, беше разговарано и за можноста за што е можно побрзо потпишување на меѓудржавните спогодби меѓу Македонија и Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст