| четврток, 6 декември 2018 |

Габриел: Европа губи трпение поради Грција

Германскиот вицеканцелар Сигмар Габриел ја предупредува Грција дека Европа веќе губи трпение додека Атина се бори да постигне договор со меѓународните кредитори.

– Сакаме да и помогнеме на Грција и да ја задржиме во еврозоната. Но, не само што времето истекува туку и трпението ширум Европа е при крај, вели тој во изјава за Билд.

Габриел е и министер за економија и го критикуваше преговарачкиот процес на Грција и предупреди дека Германија може да престане да ја поддржува Атина.

– Секој нов конечен обид да се постигне договор почнува да  го прави целиот процес смешен, смета Бриел во напис што ќе биде објавен утре.

– Се повеќе луѓе имаат чувство дека грчката Влада ги влече за нос. Ако договорот не биде наскоро склучен, многумина во Европа ќе го загубат трпението, пишува Габриел додавајќи дека „грчката Влада само што не ја прокоцкала иднината на својата држава“ како и на цела Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top