Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе го посети охридско – струшкиот регион.
Во општина Вевчани Груевски во 12.00 часот ќе присуствува на пуштање во употреба на спортска сала Основно училиште „Страшо Пинџур“, а во село Боровец, општина Струга, во 12.35 часот ќе го посети и објектот на реконструираното Основно училиште „Мурат Лабуништи“.
На денешната агенда на премиерот во 13.00 часот е и пуштање во употреба повеќенаменско игралиште во село Лабуниште, општина Струга.
За време на посетата на охридско – струшкиот регион Груевски во 13.45 часот ќе присуствува и на пуштање во употреба водоводен систем во село Елшани, како и реконструиран локален пат Елешец – Елшани во општина Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



