| четврток, 6 декември 2018 |

Утре делови од Македонија ќе бидат под жолта алертна фаза

Утре, Полошкиот и Осогоско-Малешевскиот регион ќе бидат под жолта алертна фаза поради високите температури кои наместа ќе достигнат и до 38 степени.

Поради високите температури со ниво на прв степен предупредување (жолта фаза) што утре ќе ја зафатат Македонија, надлежните предпорачуваат граѓаните да не се изложуваат на директна сончева топлина од 11 до 16 часот.

Избегнување на престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

На работодавците им се препорачува преземање превентивни мерки за вработените лица, кај одредени ризични производни и технолошки процеси кои може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници и почитување на законските прописи од оваа област.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top