| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски ја најави за јули изградбата на патот Битола-Ресен до превојот Буково

Патот Битола-Ресен до превојот Буково е во завршна фаза на подготвоки за негова реализација. Се прибираат понудите и се врши евалуација. Некаде за две до три недели од сега би требало да биде потпишан договор за негова изградна, а потоа во втората половина на јули ќе почне изведување на градежните работи. Тоа е наше ветување и ние се придвижуваме кон реализација на тоа ветување, рече премиерот Никола Груевски при денешната посета на Ресен.

Претседателот на Владата на Република Македонија Груевски го појасни и процесот на изградба на социјални станови за лица приматели на социјална помош во Ресен и други македонски општини.

– Во овој момент се завршени и се чека на технички прием на 43 станови, од кои 25 се во Демир Хисар и 18 во Ресен. По завршувањето на техничкиот прием ќе следи електронската распределба на овие станови. Исто така, во тек на градба се и до крајот на годината ќе бидат завршени уште 75 станови во Прилеп и 10 во Македонски Брод, со што одиме кон бројка од приближно 800 завршени станови од групата на социјално ранливи граѓани, како дел од нашите ветувања што ги исполнуваме, потенцира Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top