Вандализиран е конзулатот на Украина во јужниот руски град Ростов на Дон. Украинскиот конзул во овој град, Виталиј Москаленко, изјави дека неидентификувани напаѓачи скршиле 17 прозорците на зградата на конзулатот, во текот на ноќта.
Напаѓачите, исто така, фрлале јајца и домати кон зградата и насилно ја отстраниле 40-килограмската бронзена плоча од фасадата. Конзулот изјави дека за време на нападот, зградата била празна.
Ростов граничи со источна Украина каде е средиштето на конфликтот, а по конфликтот многумина од тој регион ја преминуваат границата и доаѓаат во Ростов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.