| четврток, 6 декември 2018 |

Филмски: Скопјанка лажела дека е сопруга на висок функционер од МВР и барала пари за кризата во Куманово

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Ш. (39) поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела – „измама“ и „лажно претставување“.

На пријавената и е изречена превентивна мерка одземање патна исправа и еднаш неделно јавување во Основен суд Скопје.

С.Ш. лажно претставувајќи се како службено лице на МВР и сопруга на високопозициониран службеник во МВР од вработените во скопско претставништво на правно лице од Велес, откако претходно го обезбедила службениот мобилен телефон на раководителот на фирмата на први овој месец, му се јавила, претставувајќи се лажно со истиот идентитет како пред вработените во претставништвото.

Со лажно прикажување факти дека наводно се јавува во име на МВР поради ситуацијата во државата мора да изврши уплата на 30.000 денари од жиро сметката на правното лице на жиро сметка на физичко лице непрецизирајќи на која жиро сметка и на кое лице. Истакнала и дека за евентуалната уплата од страна на МВР ќе биде издадена пофалница на име на правното лице како давател на финансиски средства за помош на државата што таа лично ќе му ја врачи.

Кога во телефонскиот разговор пријавителот и кажал дека за да бидат исплатени бараните парични средства одлука може да донесе само директорот, таа го побарала телефонски број на директорот, но пријавителот и рекол дека тој ќе му каже на директорот да ја побара.

Истиот ден, на 2 јуни 2015, пријавителот телефонски ја известил дека директорот одобрил 20.000 денари, но поради неможност книговодствено да биде оправдан износот на паричните средства доколку биде исплатен од жиро сметката на правното лице, мора да и бидат врачени лично на рака, за што таа треба да му даде документ.

Несакајќи да ја пропушти можноста да ги земе паричните средства, пријавената му кажала дека поради смртен случај не може лично да дојде за да ги земе парите, но ќе прати друго женско лице со име С.Ш., (најавувајќи се себе), која во нејзино име ќе ги земе парите и ќе му сочини документ за земениот износ, додека пофалницата ќе му ја врачи лично на 08.06.2015 година.

На договорената средба околу 13:30 часот во претставништвото на правното лице во населба Аеродром, пријавената дошла и претставувајќи се како лице задолжено од наводната службеничка во МВР која треба во нејзино име да ги земе паричните средства и идентификувајќи се со прикажување на својата лична карта, на пријавителот му кажала дека во моментот не може да му даде документ за паричните средства кои што треба да и бидат дадени. Но за да го наведе да и ги даде парите му кажала дека може да направи фотокопија од нејзината лична карта. По ова, извршено е легитимирање на пријавената, извршен е преглед на нејзиниот личен багаж и на возилото кое го управувала по што е лишена од слобода во полициската станица Кисела Вода.

Истиот ден е дојдено до сознание дека пријавената претставувајќи се со горенаведениот лажен идентитет како службено лице на МВР во периодот од 29.05 до 02.06.2015 година се јавила уште во четири други правни лица од кои, со изговор дека поради потреба од исплата на финансиска помош на полициските службеници од МВР кои учествувале во неодамнешната полициска акција во Куманово – побарала да извршат уплата на 20.000 до 30.000 денари на жиро сметка на физичко лице.

Против С.Ш. и во претходниот период се поднесувани кривични пријаво за кривични дела „измама“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top