| четврток, 6 декември 2018 |

Трајче го одработи своето, сега е ред на публиката

300750125

Синоќа меѓу шеснаесетте полуфиналисти во „Пинкови ѕвездички“ настапи и струмичанецот Трајче Георгиев. Зошто важи за фаворит меѓу публиката, Трајче докажа уште еднаш со изведбата на „Impossible“.

-Ти си господин човек и тоа е твојата прекрасна одлика, рече Јелена Томашевиќ.

-Трајче многу ми се допаѓа како пееш. Ти си некој кој умее да предизивика емоција и јас се надевам дека публиката тоа ќе го препознае, му рече Милан.

-Беше прекрасен, те сакам многу, беше коментарот на Гоца.

-Од самиот почеток беше еден од фаворитите, а вечерва даде многу енергија, рече Хари.

Линиите за гласање беа отворени вчера. Гласањето ќе трае без прекини се до 26-ти месецов кога е финалната вечер. За нашиот Трајче да се најде во финалето, а зошто не и да победи, гласајте со праќање на порака со содржина GAL 7 на телефонскиот број 141345.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top