Меѓународното здружение на авопревозниците (ИАТА) определи нови димензии за рачен багаж, но за уште помали димензии биле заинтересирани 50-тина авиопревозници.
До сега за рачен багаж се сметаа торби со димензии 55/45/25 см, а сега висината остануѕва иста, но торбата ќе мора да е потенка и поплитка, односно 35 со 20 см. Се смета дека тоа ќе го намали метежот додека се бара простор над седиштата во авионот
Предлогот не е обврзувачки за 251 компанија дел од ИАТА, но многумина се заинтересирале за него. Постојат компании кои за малку пари нудат само лет, а се друго- како куфери, резервации, освежување и слично- се доплатува. Така, патниците всушност „на сила“ се ставаат во рачен багаж, за да заштедат.
Тоа секако не е практично решение, бидејќи сместув ањето во авионите е многу подолго заради барањето простор за „рачниот багаж“ над седиштата. Додатна заштеда авиокомпаниите ќе направат и со помалата потрошувачка на гориво, заради намалената тежина- а тоа е главниот интерес на компаниите.
ИАТА го оправдува новото правило и со безбедносни мерки, односно во случај на присилно слетување, леталототешко би се изборило со мноштво летечки куфери и дребулии кои патниците ги оставаат над нив во кабината и околу своите седишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.