Неколку лица се потешко ранети при експлзоија во автомобил во центарот на вториот по големина град во Шведска, Гетеборг, соопшти вечерва шведската полиција.
Според шведските медиуми, во моментот на експлозијата во автомобилот имало четири или пет лица.
– При експлозијата автомобилот е целосно уништен, изјави портпаролот на шведската сласувачка служба Босе Андерсон.
Причините за експлозијата, што се случила во гетеборшкиот кварт Торсланд, засега не се познати.
Истрагата за целиот случај е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.