| четврток, 6 декември 2018 |

„Службен весник“ воведе електронски канал за прием на правните акти

слузбен весник

„Службен весник на РМ“ воведе електронски канал за примање на правните акти со што ја прекинува седумдецениската комуникација во хартиена верзија.

Овој електронски систем е изведен како http web сервис и по однапред дефиниран протокол за размена на податоци ќе биде експониран кон сите вклучени институции кои доставуваат текстови за објавување во службеното гласило.

Новата апликација, на сите правни лица кои вршат објавување акти во „Службен весник на РМ“, ќе им овозможи поврзување и размена на податоци со информацискиот систем на „Службен весник на РМ“, на ниво на веб портал со предефинирана структура на мета податоци. Тоа значи постојан увид во листата на пратени документи, листа на чекање за објава, преглед на објавени акти, хронолошки увид во сите верзии и нивна историја, прецизна нотификација за објавени, како и можност за корекција на документи и одобрување за објавување.

Новиот систем ќе овозможи автоматско проследување на документите до ситемот за автоматско подготвување на изданието „Службен весник на РМ“, со целосна интеграција на функционалноста на двата система и со висок степен на безбедност. Во прво време, тоа ќе подразбира поставување директна електронска траса со самостојни институции, регулаторни тела и агенции, а во втората фаза со Владата и Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top