Битолчаните П.Д. (29) и М.Б (42) се осомничени дека по нарачка од трето лице намерно предизвикале пожар во продавница за чевли, од кој е причинета материјална штета од 1.500.000 денари.
Против П.Д. и М.Б. е поднесена кривична поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“, во врска со „тешки дела против општата сигурност”, а против непознат сторител за „поттикнување“.
МВР денеска соопшти дека П.Д. и М.Б на 9-ти овој месец во 1:30 часот на ул.„Петар Петровиќ Његош“ со бекатон плочка скршиле стакло од излогот на продавница за чевли, а потоа второпријавениот низ направениот отвор во внатрешноста фрлил стаклено шише со бензин и со запалено крпче во отворот при што предизвикале пожар во продавницата. Од пожарот биле оштетени повеќе рафтови, стотина пара чевли, чанти, три клима уреди, надзорни камери, фискална каса како и други предмети, предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на луѓето, додека пак на оштетениот му причиниле поголема материјална штета која била пријавена од околу 1.500.000 денари.
Двајцата првопријавени го сториле дејството по претходен договор со третопријавениот, кој за таа цел им ветил и непосредно по настанот им исплатил паричен надомест од 300 евра, кој го поделиле меѓусебно. На тој начин третопријавениот ги поттикнал прво и второ пријавените да ги кривични дела. П.Д.(29), М.Б.(42) од порано се познати сторители на кривични дела од областа на имотните деликти, недозволена трговија со дрога, измами и слични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.