Невработеноста во Грција повторно бележи зголемување, достигнувајќи 26,6 проценти во првото тримесечје на 2015 година, во споредба со 26,1 отсто во последното тримесечје на 2014 година, пишува весникот „Катимерини“, повикувајќи се на податоци на грчката статистичка служба Елстат.
На крајот на март бројот на вработени лица во Грција изнесувал 3.504.446, а на невработени 1.272.542 лице. Сепак, стапката на невработеност бележи пад во однос на истиот период минатата година кога невработеноста достигна рекордни 27,8 отсто.
Весникот наведува дека речиси еден од четворица невработени Грци никогаш не работел, а процентот на долгорочно невработени лица што бараат работа најмалку една година изнесува 71,6 отсто од вкупниот број невработени во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција