Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер, денеска изјави дека треба да се поддржи предлогот за излез од поличката криза на еврокомесарот Јоханес Хан и дека политичкиот дијалог меѓу четворицата лидери треба да продолжи додека да се најде компромис. ЕУ, посочи Оер, побара од Македонија да исполни неколку критериуми што се однесуваат на последните настани во државата.
– Преговорите вчера завршија многу доцна и беа продолжение на договорот што беше постигнат на 2 јуни. Треба да се продолжи со реформите во насока за организирање на што подобри избори што се предвидени да се одржат во април следната година. Јас уште еднаш ќе го искажам моето мислење дека алтернативата на комесарот Хан треба да се поддржи, со тоа што политичкиот дијалог меѓу четворицата лидери во Македонија треба да продолжи додека не се изнајден компромис, односно одржлив резултат – изјави Оер.
Рече дека не може да каже ништо повеќе бидејќи не била директно вклучена во самите преговри.
– Ние го подржуваме комесарот Хан и потенцираме дека преговорите треба да продолжат во овој формат за да се даде можност да се изнајде консензус за политичката криза во Македонија. ЕУ има побарано од Македонија да исполни неколку критериуми што се однесуваат на последните настани во државата. И наоѓањето на легална разрешница на последните случувања. Ние го поддржуваме комесарот Хан во неговите напори за излез од оваа политичка криза – рече Оер.
Амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, денеска присуствуваше на конференцијата во рамки на циклусот на Конференции од Фондот Алемберт што се одржа на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово. Пред конференцијата таа се сретна со раководството на Универзитетот, при што заеднички било потврдено дека ќе продолжи меѓусебната соработка за унапредување на работата од катедрата за француски јазик, литература и култура во рамките на Филолошкиот факултет на ДУТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.