| четврток, 6 декември 2018 |

И овој четврток Органски базар во Скопје

IMG_6452

И овој четврток, повторно во Скопје Сити мол ќе се одржува Органскиот базар, каде што на едно место можее да се пронајдат сите органски производители и нивните производи. Органско овошје, зеленчук, органска козметика се само дел од производите што може да се пронајдат и купат, за на здрав начин да се збогати ќовековото здравје, изглед и трпеза.

IMG_6393

Изминатите успешни четвртоци се доказ дека се буди свеста на граѓаните и се повеќе се практикува органската исхрана и органските производи.

IMG_6632

Органски базар е во организација на Скопје Сити Мол во партнерство со Беорг, во соработка сo Програмата ИME спроведувана од Свисконтакт и Швајцарската Агенција за развој и Соработка, поддржано од Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Македонија.

И денес сите производители на органски продукти се на едно место, а целта е доближување на здравата храна до сите оние кои се во потрага по неа. Органско овошје и зеленчук, органски производи и козметика, сето ова ќе може да се купи во Скопје Сити Мол и денес, од 10 до 22 часот. Влезот за Органски Базар во Скопје Сити Мол е од страната на ул. Манапо ( од страната на Карпош 3).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top