Oд овој, па секој нареден четврток во Скопје Сити Мол ќе се одржува првиот и единствен Органски Базар во Македонија, кој започнува со работа на 21 мај 2015 година, а ќе трае во текот на целата година.
Станува збор за нова енергија и форма на дружење. Место за споделување на нова позитивна енергија, вкрстување на патиштата на сите оние кои се поборници за здрав живот, место каде што ќе има богата понуда исклучиво на органски производи, директно од органската градина на Македонија.
Започнувајќи од 21 мај, секој четврток, од 10:00 – 22:00 часот, во текот на целата година граѓаните ќе може да ја наполнат кошницата со здрави органски производи.
На отворањето свое обраќање ќе има Амбасадорот на Швајцарија во Македонија, г-дин Стефан Лаѕарото, Розанди Лоу Програмски Директот на ИМЕ, Анастасија Ашкилова од ,,Беорг”, Дарко Панчевски претставник од Скопје Сити Мол, г-ѓа Валентина Колар Јовановска од Балкан Био Серт Скопје, како и дел од организаторите и партнерите на проектот.
Првиот Органски Базар е во организација на Скопје Сити Мол, со партнерство на Беорг, во соработка сo Програмата ИME спроведувана од Свисконтакт и Швајцарската Агенција за развој и Соработка, поддржано од Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.