По тригодишна пауза од настапи во Скопје и по големите концерти во „Метрополис“ арена и салата „Борис Трајковски“, раперот Марко Маринковиќ – Слаткаристика оваа сабота, 13 јуни, ќе одржи клупски концерт во градскиот парк во Скопје, во летниот клуб „Парадизо“, со почеток во 00:00 часот.
Овој концерт е дел од големата турнеја на Слаткаристика, насловена како „EnergiS Tour“, во која се предвидени настапи и концерти во над 20 градови низ Македонија.
На крајот на овој месец, Слаткаристика ќе го промовира и новиот сингл „Оф, мори мајко“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.