Грчката државна телевизија ЕРТ денеска повторно емитуваше програма откако пред две години беше затворена како дел од мерките за штедење. Странските агенции јауваат дека вработените моментот го дочекале „со солзи во очите“.
Премиерот Алексис Ципрас , кој се обидуа да постигне договор со ЕУ и со ММФ, ја повика ЕРТ „да ја затвори раната за спас на земјата“. Повторното отворање на ЕРТ беше дел од неговите приоритети во напорите да ги намали кратењата кои ги бараа кредиторите.
-Ова е посебен ден за Грците и за сите кои ја сакаат Грција и слободното информирање- посочил водителот на утринската програма, додека под него стоел натпис „Враќање на ЕРТ по две години мрак“.
Овој чекор чини 300 милиони евра. ЕРТ беше заменета со многу послабата НЕРИТ која сега ќче биде дел од ЕРТ. Вработените се искачиле на врвот на зградата и ги извадиле дополнителните букви Н и И од своето лого. Владата најави дека сите 2500 вработени меѓу кои и 600 новинари ќе бидат вратени на работа. Затворањето на ЕРТ во јуни 2013 година предизвика протести на илјадници граѓани, но и повлекување на коалицискиот партнер во власта.
СИРИЗА отворањето на ЕРТ го нарече голема победа на демократијата а за вечерва е најавен и концерт пред седиштето на телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


