| четврток, 6 декември 2018 |

Почина славниот актер Благоја Спиркоски-Џумерко

Легендарниот македонски актер Благоја Спиркоски-Џумерко почина на возраст од 69 години.

dzumrko

Најпознат по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“, тој беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сѐ до неговото пензионирање.

Имаше огромен придонес во македонската култура со многуте  остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.

Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top