Седумдесет и едногодишниот Г.Џ. од тетовско Палатица е тешкоповреден во сообраќајна несреќа која утринава околу 8.20 часот се случила на автопатот Скопје – Тетово.
Портаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во изјава за „Курир“ вели дека возачот загубил контрола над возилото, излетал од коловозот и се превртел.
Возачот, кој бил сам во автомобилот, заработил тешки повреди, скршеници и фрактури на три ребра и е задржан на лекување во тетовската болница.
Полицискиот увид во присуство на јавен обвинител сѐ уште е во тек, а според првичните информации причина за несреќата е неприспособена брзина.
ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


