Цело попладне медиумите финансирани од Сорос тврдеа дека денеска во Брисел била прифатена техничка влада која би ги подготвувала изборите и дека се дискутирало за времетраењето на нејзиното функционирање.
Изјавата на Заев дадена за телевизијата Алсат-М ги демантираше во корен. Тој посочува дека, според него „неразумно е Никола Груевски да ја раководи владата што ќе ги подготвува изборите“. Тоа понатаму го надополнува со најави дека нема да дозволат Груевски да организира уште едни избори.
Неговата изјава е само потврда за тоа што постојано се посочува дека наместо новинарство, медиумите со парите од Сорос одработуваат агенди и служат за пропаганда наместо за информирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.