| четврток, 6 декември 2018 |

Силно невреме го погоди Белград

Невреме, проследено со пороен дожд и силен ветер, доцна попладнево го погоди Белград, предизвикувајќи дефекти во електричната мрежа и застој во сообраќајот, јави ДПА.

belgrad

Поради невремето големи делови на српскиот главен град останаа без струја, а десетици илјади луѓе останаа заглавени во своите возила во време на попладневниот сообраќаен метеж околу 18 часот, кога невремето го достигна својот максимум.

Неколку клучни крстосници во градот беа поплавени, а надојдените води носеа автомобили и контејнери за смет. Силниот ветар откорна и повеќе дрва.

Засега нема информации за повредени при невремето, но полицјата издаде предупредување до граѓаните да остант во своите домови и да не се движат со автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top