| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалник и џентлмен, ниту порно не го буни

stevco jakimovskiГрадоначалничките кандидати и го заземаа просторот на естрадата во жолтиот печат. Главна ѕвезда денеска е Стевче Јакимовски. Тој пее, игра, а жолтиот печат го анализира од женски агол. „Стевче за своите поданички е закон, за новинарките исто така“, пишува „Скандал“ и објавува прикаска за џентлменот и порнофилмот.

„…Во Сараево пред три години, при една официјална посета беше придружуван од група новинари и новинарки. Едната од нив, во хотелот уживала и екстра-услуги. … Мислејќи дека никој нема да ја види, се закачила на порноканали. Кога следниот ден на рецепција ѝ било побарано да плати дополнителна сума,  новинарката се „саштисала“…. Објаснување добила од рецепцијата дека таа всушност цела вечер се насладувала на порноканали, за чие што гледање се плаќало …. Висината на сумата од околу 50 евра, сесрдно ја платил, кој друг ако не,  Стевче“.

„Се разбира дека не посегнал по сопствениот паричник“, додава „Скандал“, „сето тоа одело од државна сметка. Додуша, на никоја нема да ѝ залетне доколку градоначалникот ја почести таков луксуз, нема новинарка која не би сакала да е на нејзино место. Можеби и затоа и оваа неоткриена афера со порнофилмови платени од „државна“ каса на Стевче не доби скандалозен размер. А не се ни слушна, се заташка ко да не ни била“, ја зачинува „Скандал“ приказната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top