| четврток, 6 декември 2018 |

Турската полиција уaпси 17 лица по вчерашните судири во Дијарбекир

полис

Турската полиција уапси 17 лица кои учествувале во вчерашните судири меѓу активисти на ривалски курдски партии во градот Дијарбекир во југоисточна Турција, при што загинаа три лица, соопштија денеска локалните власти.

Полицијата соопшти дека при акциијата од упасните биле одземени поголемо количество оружје, вклучително и автоматски пушки Калашников, и муниција.

Судирите меѓу активистите на двете курдски партии, левичарската Демократска партија на народите (ХДП) и исламистичка Партија на слободната кауза (Худа-пар), започнаа по убиството на раководителот на исламската хуманитарна организација „Јени Ихја Дер“, Ајтач Баран.

Баран беше убиен во Дијарбекир пред седиштето на „Јени Ихја Дер“, која е поврзана со Худа-пар, по што на самото место се собрале членови на партијата, кои набрзо се судриле со активисти на ХДП.

Турските медиуми јавија дека активиситите на Худа-пар нападнале и неколку новинарски екипи, при што биле повредени најмалку тројца новинари.

Худа-бар обвини дека Баран бил убиен од припадници на Курдската работничка партија (ПКК). ПКК, меѓутоа ги отфрли ваквите обвинувања, означувајќи ги како провокација со цел да се заплашат Курдите и да се поткопа изборниот успех на ХДП.

Инцидентот се случува само два дена по парламентарните избори во Турција, на кои курдската ХДП прв пат успеа да го мине изборниот праг и да обезбеди директен влез во турското Собрание.

Во петокот во Дијарбекир беа убиени три лица при експлозија за време на предизборен митинг на ХДП. Лидерот на ХДП, Сељахатин Демирташ тогаш изјави дека зад нападот стојат исламисти поврзани со џихадистичката група Исламска држава.

Демираш денеска ја обвини турската Влада дека намерно не презема мерки против растечкото насилство во југоисточниот дел на земјата, каде мнозинството од жителите се Курди.

– Премиерот и претседателот ги нема никаде. Човек би помислил дека чекаат земјата да биде втурната во граѓанска војна, за да можат да кажат: Гледате ли колку вреди Партијата на правдата и развојот – истакна Демирташ.

Според лидерот на ХДП, Владата и претседателот молчат со цело да го омаловажат успехот на неговата партија на изборите во неделата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top